Во својот годишен извештај, кој беше објавен во понеделникот, Јужниот центар за правна заштита на сиромашните (СПЛЦ) пренесе дека лани биле откриени 838 активни групи на омраза, што е намалување од 11 отсто во однос на претходната година. Непрофитната група за заштита на граѓански права тврди дека многу групи на омраза ги префрлиле своите активности на платформите на социјалните медиуми и на кодираните апликации, додека другите биле целосно забранети на мрежите на социјалните медиуми.
Бројот на националистичките организации на белците, што е една подгрупа од групите на омраза наведени во извештајот, лани се намали од 155 на 128. Во извештајот се наведува дека овие групи доживеаја голем бум во претходните две години, откако беа поттикнати од изборната кампања на Доналд Трамп и неговата функција како претседател.