Американскиот сенатор Џон Мекејн одлучи да го прекине лекувањето од агресивна форма на тумор на мозокот, соопшти денеска неговото семејство, една година откако виетнамскиот воен ветеран соопшти за својата болест.

– Џон ги надмина очекувањата за преживување со болеста – соопшти неговото семејство и додаде дека болеста напредува и возраста на Мекејн – 81 години, го натерала да престане со лекувањето на „агресивен глиобластом”.

Мекејн е сенатор од Аризона.