Американскиот Конгрес усвои закон за економска помош вреден речиси 900 милијарди долари, со кој ќе им се помогне поединечно на државјаните на САД, но и на приватните компании кои се погодени од пандемијата на коронавирусот.

Новиот пакет за помош привремено ќе ги зголеми бенефициите за невработеност и ќе им обезбеди на многу работници еднократна помош од 600 долари пред крајот на годината. Исто така, околу 275 милијарди долари ќе бидат издвоени за покривање заеми на мали бизниси, како што се ресторани.

Претседателот Доналд Трамп треба да го потпише законот.

Пратениците го изгласаа законот со 359 гласа „за“ и 53 „против“. Во горниот дом 92 сенатори гласаа за, додека шестмина беа против, пренесува ДПА.