Американските сили ќе останат во Ирак се додека е потребно, со цел да се стабилизираат регионите кои претходно беа под контрола на екстремистичката група Исламска држава, истакна полковникот Шон Рајан, портпаролот на меѓународната коалиција, предводена од САД, што се бори против екстремистите. 

– Ќе ги задржиме трупите таму се додека сметаме дека е потребно, истакна Рајан. 

Тој објасни дека главната причина за останување на американската војска во Ирак се напорите да се стабилизираат делови на земјата, по воениот пораз на ИД.