Современ брод на воената морнарица на САД, кој плови по водите на Тихиот океан е опремен со ново оружје кое, според аналитичарите, може да го промени балансот на силите во нестабилните области како што е Јужното Кинеско Море, објави Си-ен-ен.

Американскиот „Габриел Гифордс“ е воен брод опремен со нови крстаречки ракети кои летаат над морската површина и е тешко да се забележат на радар, односно се управувани од беспилотен хеликоптер, кој помага во навигацијата на ракетите.

Проектилите се дизајнирани да маневрираат и да ја избегнуваат непријателската одбрана.

Портпаролот на третата флота на САД ја потврди оваа информација за Си-ен-ен, посочувајќи дека ваквото оружје ќе ја зголеми борбената моќ на морнарицата на САД.

САД и Кина се обвинуваат еден со друг за наглата милитаризација на Јужното Кинеско Море, област во која многу земји го истакнуваат својот интерес, иако поголемиот дел од морето го покрива Кина.

„Габриел Гифордс“ е првиот воен брод што е опремен со нови проектили за поморски напад, а во план е со ваквото ново оружје да се опремат повеќе од 30 бродови.