Американски бизнисмен што го преживеал терористичкиот напад врз Светскиот трговски центар на 11 септември 2001 година, се вбројува меѓу 21 жртва што ја убија милитантите во кенискиот главен град Најроби.

Џејсон Спиндлер, основач и извршен директор на компанијата И-Дев Интернешенал со седиште во Најроби, бил убиен во вторникот во напад, изјави неговата мајка за Ен-би-си.

Пред да основа сопствена компанија, работел во Светскиот трговски центар во Њујорк, рече неговата мајка Сара Спиндлер.

Утрото на 11 септември доцнел на работа кога авионот удрил во кулите.

Американското Министерство за надворешни работи го потврди убиството на својот државјанин за време на терористичкиот напад во Најроби.

Сомалиската милитантна група ал-Шабаб ја презеде одговорноста за нападот.