Во патнички авион на линија Абу Даби – Амстердам агресивен патник предизвикал тепачка поради што холандските воздухопловни сили испратиле два борбени авиона Ф-16 за да го проследат леталото до амстердамскиот аеродром.

Неколку патници се здобиле со лесни повреди.

Авионот, откако агресивниот патник бил совладан, добил дозвола да слета на аеродромот Схипхол.

Полицијата по слетувањето го привела проблематичниот 29-годишен Американец и го префрлила во психијатриска болница.