САД се веќе долго загрижени поради тоа што Иран не ги пријави сите можности на своето нуклеарно вооружување на меѓународната Организација за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ). Со тоа се кршат меѓународните конвенции, изјави денеска американскиот амбасадор во таа организација Кенет Вард.

Тој на состанокот на организацијата рече дека Иран не го пријавил погонот за производство на воздушни бомби, како и дека ја одржува програмата за производство на забранета токсична муниција.

-САД веќе долго време се загрижени дека Иран одржува програма за хемиско вооружување, која не ја пријавил во ОПЦВ, рече тој.

Од Иран се уште нема реакција на таквите наоди.