Амбасадорот на Израел во ОН, Дени Денон го обвини Иран дека регрутирал најмалку 80.000 шиитски борци кои ги обучува во база близу Дамаск. 

– Тоа што може да видите е главен регрутен центар на Иран во Сирија. Таму има повеќе од 80.000 шиитски екстремисти под иранска контрола – изјави тој пред СБ на ОН, покажувајќи мапа.

Тој додаде дека во таа база, на само неколку километри од Дамаск, тие се обучуваат да извршат „терористички напади во Сирија и ширум регионот“.