Руската амбасада во Лондон соопшти дека се сомнева во автентичноста на соопштението, кое Скотланд јард го објави синоќа во име на ќерката на двојниот шпион Сергеј Скрипал, Јулија.

– Како и претходно, сакаме да бидеме сигурни дека тоа е навистина соопштение на Јулија. Имаме голем сомнеж во врска со тоа. Текстот очигледно е формулиран така за да ги поткрепи официјалните соопштенија на британските власти и истовремено да ги исклучи можните контакти на Јулија со надворешниот свет т.е, со конзулите, новинарите, роднините – соопшти Амбасадата.

Јулија Скрипал (33), која минатиот месец, заедно со нејзиниот татко, беше отруена во Велија Британија, соопшти дека не ги сака понудените услуги на Амбасадта на Русија во Лондон, а тоа  соопштение, во нејзино име, го издаде британската полиција. 

Јулија Скрипал во соопштението наведе дека нејзиниот татко и натаму е сериозно болен и оти таа се уште ги чувствува последиците од нервниот агенс.

– Имам пристап до пријателите и семејството и знам дека моите контакти во Руската амбасада љубезно ми понудија помош. Засега, не сакам да ги користам нивните услуги, но ако се предомислам, знам кого да контактирам – наведува во соопштението Јулија Скрипал.

Таа вели дека болницата во англискиот град Солсбери, од која беше отпуштена во понеделникот, е „лекувана со очигледна клиничка стручност и исклучителна љубезност“.

Јулија напоменува дека уште не е доволно силна за да може на медиумите да им даде изјава и оти коментарите на нејзините роднини за руските медиуми не можат да се сметаат за нејзини ниту за коментари на нејзиниот татако. 

– И благодарам на роднината Викторија што се грижи за нас, но ја замолувам да не ме посетува и да не се обидува ме контактира, за сега – се наведува во соопштението на Јулија.

Болницата во Солсбери, во која Јулија и нејзиниот татко Сергеј беа на лекување по труењето на 4 март, соопшти дека Јулија е отпуштена, додека татко и е задржан на лекување. Оттаму наведуваат дека Јулија е префрлена на „безбедна локација“.

Велика Британија ја обвинува Русија дека стои зад труењето со неверн гас, развиен во времето на Советскиот Сојуз, додека Русија негира каква било вмешаност.