Амазонија по една година, повторно е зафатена од пожари кои се закануваат да предизвикаат и поголема катастрофа од ланските.

Бразилските медиуми јавуваат дека пожарите во бразилскиот дел од амазонската прашума во август се пониски за пет проценти, повикувајќи се на моменталните податоци од интернет страницата на Националниот институт за вселенско истражување (ИНПЕ).

Сепак, Алберто Сикер, научник од институтот, тврди дека известувањето за конечните податоци на ИНПЕ било одложено по грешка. Сикер рече дека податоците ќе се ажурираат и најверојатно ќе покажат дека пожарите се зголемени за еден до два проценти во споредба со оние од минатата година. Тоа би значело дека ова се најлошите пожари од август 2010 година.

Бразилските власти засега одбиваат да ја коментираат моментната состојба во Амазонија.