Вахид Мазлумин, иранскиот трговец со злато, познат по прекарот „златен султан”, се обидел да создаде монопол на пазарот на злато во кој се остварува голем профит, по што иранскиот суд го осуди на смрт, објави британската телевизија Би-би-си.

Во процесот што започна на 17 септември годинава беа осомничени 15 лица. Мазлумин е обвинет за создавање на организирана група која препродавала странска валута и злато на црниот пазар. Тој е осуден за искористување на економската криза, преку шпекулации кои значајно ја наштетуваат економијата на Иран. Смртната казна е потврдена.

„Златниот султан“ има 58 години. Неговото апсење беше објавено во јули годинава. За време на апсењето, полицијата пронашла два тони златни монети во куќата на обвинетиот.