Фото: Маја Јаневска-Илиева

Ова се турбулентни времиња. Светот станува покомпетитивен, нестабилен и непредвидлив. Сајбернападите стануваат почести, софистицирани и дисруптивни, терористичките закани опстојуваат, нуклеарните оружја се распространети, а промените на климата создаваат нестабилност и кризи, пишува генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во неговиот авторски текст за „Дифенс њуз“.

Овие предизвици влијаат врз нашата безбедност на двете страни на Атлантикот. Тие се различни, но има само еден начин за Северна Америка и Европа да се справат со нив – да го сторат тоа заедно, во НАТО.

Со американскиот претседател Џо Бајден и неговата администрација, како и со законодавците на двете страни, остануваме цврсто посветени на трансатлантската врска, и со зголемена соработка со Европа, ние имаме единствена можност и јасна обврска да ја направиме нашата силна Алијанса, уште посилна.

На самитот на НАТО во јуни, лидерите ја прифатија нашата смела агенда НАТО 2030 за следната деценија и понатаму, за засилување на Алијансата во светот со предизвици.

Одлучивме да го искористиме НАТО уште повеќе на клучниот форум за безбедносните консултации и за одлуките меѓу нашите 30 нации. Ние ги засилуваме нашата отпорност и одбрана низ сите сфери – копно, вода, воздух, вселена и сајберпростор. Продолжуваме да се бориме против тероризмот и да работиме заедно со меѓународната заедница за да придонесеме за стабилност на нашите граници, вклучително и преку извлекување на важни лекции од минатите мисии.

Истовремено, ги засилуваме нашите напори во други области, особено во отпорноста, на полињата на технологијата и безбедносното влијание на климатските промени. Развиваме цели на Алијансата за зголемување на отпорноста на нашите општетства, инфраструктурата и за синџирите на снабдување. Преку намалување на ранливостите и зависностите, ние подобро ќе го издржиме надворешното вмешување, побрзо ќе се вратиме во нормала по нападите и ќе осигуриме дека нашите армии можат ефективно да функционираат во секое време.

Работејќи заедно во НАТО, ние ја изоструваме нашата технолошка подготвеност за да останеме компетитивни. Ова вклучува инвестирање во последните технологии, од вештачка интелигенција до биотехнологија и до квантни компјутери. Ние покренавме акцелератор за одбранбени иновации за Северниот Атлантик, познат како ДИАНА, а воспоставивме и нов НАТО фонд за иновации. ДИАНА и фондот ќе ни овозможат за подобро да ја искористиме иновацијата за нашата безбедност и да ги помогнеме трансатлантската соработка и размените на критичните технологии.

На крајот, го нагласуваме влијанието на климатските промени на нашата безбедност. Тоа е закана и размножувач на кризи, и мораме да ги прилагодиме нашата свесност и подготвеност во согласност со неа. Сојузниците исто така инвестираат во одржливи решенија, вклучувајќи биогорива за авиони и соларни панели за напојување на опремата. Згора, НАТО за првпат развива методологија низ Алијансата за мапирање на армиските емисии, за да можат да се намалат.

Во овие области НАТО ќе соработува уште поблиску со партнерите кои ги делат нашите вредности и интереси, вклучувајќи ги државите, организациите, приватните компании и академските институции. Зачувувањето на мирот, глобалните правила и демократскиот начин на живот се колективен напор.

Во јуни в година, лидерите на НАТО ќе се сретнат пак, овој пат во Мадрид, Шпанија. Тие ќе го промовираат следниот стратешки концепт на НАТО, клучен документ кој ќе го трасира патот напред за Алијансата. Последниот стратешки концепт кој датира од 2010 година, ја ословува Русија како стратешки партнер, не ја споменува Кина и само накратко ги споменува технологијата и климата. Новиот документ ќе се рефлектира на сменетото безбедносно опкружување и ќе ги повтори нашите фундаментални вредности, додека ја реафирмира централноста на трансатлантската врска за нашата сигурност и одбрана.

И додека гледаме кон годината што доаѓа, мора да продолжиме да ги исполнуваме нашата обврска кон Трансатлантикот и да ги претвораме НАТО 2030 одлуките во акција. На овој начин ќе продолжиме да ја осигуруваме безбедноста за нашите луѓе во се повеќе несигурниот свет.