Претседателот на Иран, Хасан Рохани најави дека Иран може да биде подготвен за разговори за нуклеарната спогодба, доколку САД покажат почит и не вршат притисок врз нив.

– Расположени сме за разговори, само доколку другата страна седи на преговарачката маса со почит и се држи до меѓународните регулативи, но не ако ни нареди да преговараме – изјави Рохани.