Руската авиокомпанија „Аерофлот“ ќе ја откаже до ноември нарачката на 20 авиони „Боинг 737 Макс“, освен ако компанијата Боинг може да и гарантира безбедност на леталата, по несреќата во Етиопија, изјави денеска генералниот директор на „Аерофлот“, Виталиј Савељиев.

„Аерофлот“ нарачал 20 авиони „Боинг 737 Макс“ за својата нискобуџетна подружница „Победа“, а Боинг треба да почне со достава на авионите веќе во ноември оваа година.

– Ако не постои 100 процентна гаранција дека машината е безбедна, тогаш никој нема да ја земе-истакна Савељев.

Претходно денеска, авион Боинг 737-800 морал итно да слета во северозападниот дел на Русија, во градот Сиктивкар. Според непотврдени информации, причина за слетувањето е откажување на моторот на леталото.