Ситуацијата со нуклеарниот договор на САД и Иран од 2015 година се развива многу брзо, откако и официјално властите во земјата на Блискиот Исток потврдија дека нема да почитуваат некои делови од договорот, пишува Си-ен-ен.

Според многу експерти, ова е момент во кој постои голема можност за конфронтација меѓу САД, кои се безмилосни и подготвени за војна и подеднакво пркосниот Иран. Иако, можеби станува збор силни блефови и од двете страни, оваа „игра“ може да резултира и со директен воен судир.

– Развојот на ситуацијата ги има сите состојки за ексалација на состојбата и воена конфронтација меѓу двете земји. Судирот на САД и Иран би се претворил во најзначајниот воен колфликт во светот уште од инвазијата на САД на ирак во 2003 година, со тоа што дел од главните политички играчи се останати исти – констатираат од Си-ен-ен.

Се смета дека човекот кој стои зад овој високо ризичен пристап е советникот за национална безбедност на САД, Џон Болтон, кој никогаш не изрази жалење за постапките на Вашингтон во однос на катастрофата во Ирак во 2003 година и изгледа поеднакво одлучен да ја однесе својата земја на раб на војна со Иран.

– Ова е човек кој долго време соработуваше со иранската опозиција Муџахадин-е-Халик, (која од 2012 година е на листата на странски терористички организации на Стејт департментот), и кој во 2015 година напиша статија во „Њујорк тајмс“ наречена „За да ја запреме бомбата на Иран, треба да го бомбардираме“ – велат од престижата американска телевизија.

Исто така, Болтон е голем обожавател на премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, кој години наназад ги повикува САД да преземе поодлучни чекори со Иран, а во моментов најде многу компатибилни соработници во Белата куќа.

Разузнавачките податоци на кои Болтон се потпрел за да го нареди пренасочувањето на големиот воен носач „Абрахам Линколн“ наводно дошле од израелскиот национален советник за безбедност Меир Бен Шабат, кој се сретнал со неговиот колега Болтон во Вашингтон минатиот месец.

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, кој ненајавено го посети Багдад, исто така е подготвен за посериозни чекори во врска со Иран, а администрацијата на Трамп го слуша само она што и одговара, сметаат од Си-ен-ен.