Најмалку шест туристи загинаа во регионот Алто Адиџе во италијанскиот јужен Тирол на границата меѓу Италија и Австрија, откако во група од најмалку 17 лица удри патнички автомобил, пренесоа денеска италијанските медиуми.

Жртвите биле германски државјани, објави новинската агенција Анса.

Тие излегле од еден локал и стоеле веднаш до туристички автобус кога во нив влетал автомобилот.

Во несреќата има повредени, од кои тројца се во сериозна состојба.

Најтешко повредената жена била транспортирана со хеликоптер во болница во Инсбрук.

Според првичните информации, несреќата ја предизвикал млад човек 28 години кој имал многу високо ниво на алкохол во крвта.