Во протестите што избувнаа во американската сојузна држава Висконсин, изгореле голем број возила на плацот на еден продавач на половни автомобили.

Стотици граѓани излегле на улиците во градот Кеноша, Висконсин откако полицијата пукала во Афроамериканецот Џејкоб Блејк.

Неколку полициски возила биле запалени во немирите, а дошло и до судир меѓу демонстрантите и полицијата.

Демонстрантите го изразиле својот гнев на еден плац за продажба на половни возила, каде што, според сопственикот, имало 130 автомобили, од кои речиси 100 биле запалени во немирите.

Повеќето од запалените половни автомобили се вели дека вределе помалку од 10.000 долари, но имало и луксузни модели, како што се „рејнџ ровер“, „мерцедес ц-класа“ и неколку „бмв“ од серија 5.