Најмалку 23 лица загинаа, а 15 се повредени кога автобус со студенти и инструктори излета од автопат во планинска област во Непал.

Автобусот излетал низ падината и се превртувал околу 500 метри, соопшти тамошната полицијата.

Студентите се враќале од Политехничкиот институт Кришна Сен Ичук, каде што имале пракса на блиската фарма.

Како што пренесуваат локалните медиуми, спасувањето се одвива во тешки услови, бидејќи несреќата се случи во запуштена област, на околу 450 километри од Катманду, а деловите од автобусот се расфрлани.