Осум лица загинаа, а десетици се повредени откако автобус се преврте во Унгарија, во близина на Будимпешта.

Во автобусот во моментот на несреќата имало повеќе од 50 патници.

„Индекс.хр“ пишува дека автобусот претходно бил на еднодневна екскурзија во Хрватска.

Автобусот се движел во правец кон Будимпешта кога од непознати причини излетал од патот и се превртел, на 70 километри западно од главниот град на Унгарија.

Две лица се тешко повредени, а 46 се здобиле со полесни повреди.