Најмалку 28 лица загинаа кога автобус во западен Непал излета од патот во бездна, соопштија тамошните власти. Најмалку 15 повредени лица се хоспитализирани, а спасувачите  се на терен и ги бараат телата.

Сè уште нема информации за причината за несреќата и колку патници имало во автобусот.

Официјалните лица стравуваат дека бројот на жртвите може да биде поголем.

Сообраќајните инциденти се вообичаени во планинскиот Непал, а причината најчесто се неисправни возила, лоши и тесни патишта со големи и ненадејни кривини.