Најмалку 17 луѓе загинале во сообраќајна несреќа во Дубаи, објавија локалните медиуми.

Автобус во сопствеништво на компанија од Оман, се залетал во сообраќаен знак на автопатот Шеик Мохамед бин Зајед, додала полицијата во серија објави на Твитер.

Возачот на автобусот, од Оман, претрпел полесни повреди. Полицијата нагласила дека истрагата е во тек. Автобусот сообраќал на релацијата Дубаи-Мушкат со 31 патник од различни националности, порача полицијата.