Владата на Австрија планира да забрани девојчињата од муслиманска вероисповест да носат марами во градинките и основните училишта, соопшти денеска австрискиот вицеканцелар и лидер на десничарската Партија на слободата, Хајнц-Кристијан Штрахе. 

Според него, ваквата одлука се носи со цел на „двојчињата до 10-годишна возраст да им се овоможи непречен развој“.

– Забраната за носење марами во градинките и училиштата би придонела за подобра интеграција на децата – додаде Штрахе.

Плановите на Владата ги потврди и австрискиот канцелар Себастијан Курц, кој нагласи дека е покрената иницијатива за изготвување на „соодветен закон“ посветен на заштита на децата.

Според Курц, таквата мерка е корисна бидејќи на тој начин ќе се спречи „развој на паралени општества“ во Австрија.