Австрија се повлекува од глобалниот Договор на ОН за мигрантите, најавија властите во Виена.

На денешната седница на Владата ќе биде донесена соодветна одлука, најавија канцеларот Себастијан Курц и вицеканцеларот Хајнц-Кристијан Штрахе.

Австрија го следи примерот на САД и на Унгарија. Виена нема да го потпише тој документ поради суштински несогласувања и нема да испрати официјален претставник на конференцијата во Маракеш чие одржување е предвидено за декември.

Во Виена го сметаат Договорот несоодветен за регулирање на мигрантското прашање, стравуваат за губење суверенитет во мигрантската политика и „бришење“ на разликите меѓу легалната и илегалната миграција.