Александар ван дер Белен (лево) и Курц

Австрискиот претседател, Александар ван дер Белен, денеска, по разговорите со австрискиот канцелар Себастијан Курц, се заложи за одржување на предвремени избори на почетокот од септември, и како клучно го оцени враќањето на довербата кај граѓаните и угледот на Австрија во светот, по политичкиот скандал предизвикан од видеоснимките на вицеканцеларот Хајнц Кристијан Штрахе.

Канцеларот Курц вчера на претседателот на Австрија му предложи да распише предвремени избори, откако во јавноста се појави видео на кое се гледа како Штрахе, кој во меѓувреме поднесе оставки од функциите заменик-канцелар и лидер на Слободарската партија (ФПО), и нуди на наводна внука на руски милијардер државни позиции во замена за финансиска помош за неговата партија.

Курц и Ван дер Белен денеска еден час зборуваа за актуелната ситуација во земјата, по оставката на лидерот на ФПО и одлуката на шефот на владата да ставаи крај на коалицијата со таа партија.