Австрискиот министер за внатрешни работи Херберт Кикл најави дека неговата земја, доколку има потреба, ќе ги направи своите граници „непропустливи“.

Кикл истакна дека се воспоставуваат специјални единици составени од граничари и полиција за странци која ќе може итно да реагира, а границите ќе ги направи „непропустливи“ за илегални мигранти.

Овие единици ќе бидат подготвени од јуни, а Кикл истакна дека тие се реакција на Австрија на новите податоци за порастот на илегалната миграција на балканската рута.

Австрискиот министер за внатрешни работи нагласи декане смеат да се повторат 2005 и 2016 година, кога земјата се соочи со несовладлив бран бегалци.