Претседателите на Австрија и Словенија, Александер ван дер Белен и Борут Пахор, денеска изразија поддршка за продолжување на процесот на проширување на ЕУ и отворање на пристапни преговори со Македонија и Албанија.

– За кредибилитетот на ЕУ би било добро ако во овој случај преземеме чекори и не ги разочараме луѓето во тие земји – посочи на заедничката прес-конференција во Виена, Ван дер Белен.

И претседателот на австрискиот парламент, Волфганг Соботка, во разговорот со Пахор истакнал дека Австрија ја поддржува европската перспектива на земјите од Западен Балкан.

Пахор и Соботка исто така посочиле дека интеграцијата на балканските земји е долг процес, кој бара трпеливост.

Во исто време, претседателот на Словенија, според соопштението на австрискиот парламент, истакнал дека Западен Балкан во преговорите за ЕУ треба да се гледа како целина.