Австрија ги засили царинските контроли на своите граници за да се заштити од свинска треска што се појави во Србија, соопшти австриското Министерство за финансии.

Целта на цариниците првенствено е приватниот превоз на прехранбени производи од Србија.

Министерството посочува дека свинската треска е многу заразна и смртоносна болест за сите раси на свињи, која може да се пренесе и преку животински намирници.

Министерството предупредува дека увозот на месо и месни производи од Србија, како и од повеќето други земји надвор од ЕУ, е забранет, без оглед на количината.

Редовните проверки од цариниците, како што е најавено, ќе бидат засилени.