Министерот за надворешни работи на преодната влада на Австрија, Александер Шаленберг, денеска ги најави санкциите на ЕУ против Турција.

– Денес ќе донесеме низа мерки против Турција, меѓу другото и помалку пари, помалку заеми од ЕИБ, прекин на преговорите за договор за авиосообраќај – рече Шаленберг пред состанокот на шефовите на дипломатите на ЕУ во Брисел.

Ставот на ЕУ кон Турција е, како што подвлече, логичен.

Тој потсети дека ЕУ никогаш не ја прифати окупацијата на северниот дел на Кипар и дека поради тоа Унијата стои зад желбата на Кипар да располага со своите ресурси.

ЕУ се противи на активностите на Турција да пронајде извори на гас во Кипар.

Шаленберг посочи дека се можни понатамошни санкции против Турција.