Службата за вонредни ситуации на Западна Австралија ги предупреди локалните жители да ги напуштат своите домови и да побараат безбедно сместување. Предупредувањето беше издадено поради шумскиот пожар кој е надвор од контрола источно од градот Перт.

Во 2019 и 2020 година, Австралија претрпе невидени пожари во кои животот го загубија 33 лица, вклучително и девет пожарникари, а изгореа повеќе од 17 милиони хектари површини.