Додека делови на Европа се борат со рекордни наноси на снег, австралиските власти ги предупредија своите граѓани да избегнуваат престој на отворено заради рекордните температури во некои делови на земјата кои ќе се задржат и дури и ќе растат следните денови.

Делови од најнаселената австралиска држава Нов Јужен Велс и делови на Западна Австралија забележале ноќни рекорди од 33 Целзиусови степени, а највисоките дневни температури би можеле да се искачат над 45 Целзиусови степени во делови на Нов Јужен Велс, Јужна Австралија и Викторија, објави државниот метеоролошки завод.

– Избегнувајте телесни активности, пијте доволно течност, тоа е пресудно во овој момент – вели Ричард Брум, директор за здравје и околина во владата на сојузната држава Нов Јужен Велс.

Во градот Марбл се измерени дури 49,3 степени.

Поради екстремните горештини на југоистокот на земјата, на брегот се насукале над милион риби, а експертите предупредуваат дека ситуацијата само ќе се влошува во следните денови. Се очекува топлинскиот бран да трае барем уште една недела.