Австралиските пожарникари се борат со повеќе од сто пожари низ две источни држави, а властите предупредуваат дека ова лето во делови од земјата ги очекува сезона на големи пожари.

-Ова не сме го виделе никогаш во историјата, времето никогаш не било толку склоно на пожари како оваа пролет – изјавил Ендру Стургес, инспектор во противпожарната и итна служба во Квинсленд.

Пожарите во државата Квинсленд и Нов Јужен Велс во голема мера се надвор од контрола, уништиле најмалку 20 објекти, а властите велат дека бројот најверојатно ќе се зголеми.

Засега нема пријавен смртен случај, но 66-годишен волонтер пожарникар е во критична состојба во болница откако се здобил со тешки изгореници.