Илјадници демонстранти денеска излегоа на улиците во повеќе австралиски градови, барајќи прекин на строгата имиграциска политика, во рамките на која се враќаат сите мигранти кои пристигнуваат по воден пат.

Австралија систематски ги одбива бродовите со илегални имигранти, а оние кои успеваат да се „протнат“, ги враќа во прифатните центри на островот Манус во Папуа Нова Гвинеја или на островот Науру.

Таа драконска политика во голема мера ги обесхрабрува мигрантите да дојдат во Австралија, каде што бројот на прифатени мигранти е на најниско ниво во последните десет години.

Протестите се совпаднаа со петтата годишнина од спроведувањето на таа политика.

Во 2013 година, Австралија потпиша договори со земјите од Пацификот и го воведе правилото дека секое лице што ќе пристигне по море ќе ја изгуби и „најмалата шанса” да се насели во Австралија.

Стотици луѓе излегоа на улиците на Сиднеј, извикувајќи „ослободете ги на бегалците” и носеа транспаренти со натпис „5 години е предолго, испразнете ги Манус и Науру”.

Демонстрации беа организирани и во Мелбурн, Аделаида, Бризбејн, Канбера и Перт.