На австралиски воени хеликоптери било целено со ласери за време на воени операции во Јужното Кинеско Море месецов, изјавил аналитичар кој се наоѓал на воениот брод од авионот кој вршел операции, пренесува Си-ен-ен.

– Врз некои пилоти на хеликоптери било целено со ласери од страна на рибарски бродови, привремено приземнувајќи ги од превентивни медицински причини – напишал на својот блог Ијуен Греем од Институтот за австралиската стратешка политика.

Греем за Си-ен-ен изјавил дека тој не сведочел за инцидентите, но австралиските пилоти му кажале дека тие неколку пати биле цел на комерцијални ласери за време на мисии на Јужното Кинеско Море.

За рибарите е познато дека користат ласери за да ги предупредат другите бродови дека премногу се приближуваат до нив.

– Тоа има смисла за да се одбегнат судири на бродовите, но очигледно е дека нема директна закана од авионите кон бродовите во Јужното Кинеско Море – додал Греем.

Си-ен-ен се обиде да воспостави контакт со Министерството за одбрана на Кина, но не доби повратен одговор.