На жителите и туристите во австралиската сојузна држава Викторија денеска им е советувано да се евакуираат, поради екстремен ризик од пожар, јави агенцијата „Ројтерс“.

Според метеоролозите, денеска се очекуваат температури од над 40 степени, кои со силниот ветер со променлив правец и громовите, претставуваат можност да го направат еден од најризичните денови во историјата на Викторија.

Земјата откажа музички фестивал што требаше да трае до Нова година и да собере околу 9.000 луѓе.

И во Нов Јужен Велс се очекуваат услови погодни за ширење на пожари, поради скокот на температурите кој е најавен за вторник.