Австралиските власти повикаа на нова масовна евакуација на густо населеното подрачје на северот на земјата по повторното зголемување на температурите што дополнително ги разгоре пожарите коишто загрозуваат неколку градови и други населени подрачја.

Премиерот на државата Викторија, Даниел Ендрјус рече дека населението мора да ја напушти областа доколку добијат такви инструкции.

– Тоа е единствениот начин да се гарантира вашата безбедност. Опасно е да се остане во некои населени места. Не можеме да ја гарантираме вашата безбедност – рече Ендрус во телевизиското обраќање до јавноста.

Најмалку 27 луѓе загинаа во пожарите коишто зафатија површина од 10,3 милиони хектари, што е еднакво на површината на Јужна Кореја.Илјадници луѓе останаа без покрив над главата, илјадници од нив во неколку наврати беа евакуирани заради заканата од пожарите.