Австралискиот премиер Скот Морисон изјави денеска дека владата ќе испрати 3.000 војници за да помогнат во гаснењето на катастрофалните пожари што го зафатија југоистокот.

– Видовме дека оваа катастрофа ескалира – рече Морисон пред новинарите и додаде дека ќе бидат инвестирани околу 14 милиони американски долари за набавка на четири нови авиони – канадери, пренесува „Ројтерс“.

Како што рече, гасењето на пожарите е одговорност на државата и пожарникарите, но сепак, големиот обем на пожари бара национален одговор.

Секретарот за одбрана Линда Рејнолдс изјави дека е првпат во историјата на Австралија да се распореди војска за да им помогне на пожарникарите.

Како што јави Би-Би-Си, температурите во некои делови на источна Австралија надминале 40 степени, при што официјалните лица предупредуваат дека денот ќе биде многу опасен.