Човек од Австралија скокнал од својата даска за сурфање врз ајкула која ја нападнала неговата сопругата и го удрил морското живото неколку пати, додека тоа не ја пуштило жената, пренесува Би-би-си.

Шантел Дојл (35) сурфала на плажата Шели во Нов Јужен Велс кога била нападната од ајкулата. Нејзиниот сопруг тогаш започнал да ја удира ајкулата сè додека не ја ослободил, а потоа ја однел сопругата на брегот. Таму, случајни минувачи и дале прва помош на жената. Дојл потоа била однесена во болница со тешки повреди на десната нога.

Експертите веруваат дека несреќната жена била нападната од голема бела ајкула со должина до три метри. Од службата за спасување го пофалиле нејзиниот сопруг Марк Рапли поради брзата и смела реакција.