Мал патнички авион денеска се урна во Феникс, во американската сојузна држава Аризона, при што удри во два автомобили.

Еден човек што бил во авионот загинал во несреќата, а уште еден 40-годишен маж бил повреден. Нема повредени во автомобилите кои биле удрени од леталото, јавуваат локалните медиуми.

Несреќата се случила во близината на аеродромот Дир Вели, во северните предградија на Феникс.