Филипински воен авион со 92 лица се урна при обид да слета на островот Џоло, во провинцијата Сулу. Најмалку 17 лица настрадаа, а најмалку 40 се спасени, пренесоа медиумите.

Си-ен-ен пренесува дека шефот на филипинските вооружени сили го потврдил падот на воениот авион Ц-130 за време на слетувањето на островот.

Првичните информации беа дека во авионот имало 85 лица, но министерот за одбрана во текот на утрото изјави дека 92 лица патувале со авионот, вклучувајќи тројца пилоти и пет члена на екипажот.

Најмалку 17 лица загинаа во авионската несреќа, додека најмалку 40 беа спасени, пренесува Ројтерс. Се стравува дека бројот на жртвите може да се зголеми.

Акцијата за спасување продолжува.

Воени и цивилни пожарникари се на терен и се обидуваат да го изгаснат пожарот што избувна по падот на авионот, пренесуваат медиумите.