Мал авион во неделата се урна во морето во близина на брегот на австралиската држава Квинсленд. Нуркачите од урнатините ги извлекле телата на двајца возрасни, меѓу кои и 69-годишен пилот и две деца.

Инспекторот Крег Вајт се уште не ја прецизира точната возраст на децата, но рече дека се помлади од тинејџерите, пишува АП.

Портпаролот на австралиската канцеларија за безбедност на транспортот, Ангус Мичел, истакна дека истрагата е во тек и дека прелиминарните наоди укажуваат дека несреќата се случила набргу по полетувањето.