Авион на руската компанија „Аерофлот“ се запали при слетување на аеродромот „Шереметјево“ во Москва. Сите 78 патници се евакуирани.

Според првичните информации, шест лица се повредени во пожарот што изби при принудното слетување на московскиот аеродром.

Авионот полетал кон Мурманск, но се вратил на московскиот аеродром откако му се запалил моторот додека бил во воздух.