Фото: Илустрација

Вистинска драма се случи утринава на аеродромот во Дубровник, кога авион „ербас А320-232“ на „Туркиш ерлајн“, од Истанбул пријави проблем на хидрауличниот систем на шасијата за време на слетувањето.

-Авион на „Туркиш ерлајн“ слета во Дубровник со отворени врати на стојниот трап и на багажниот простор, објави порталот „Авиорадар“.

Иако сите служби за итна помош веднаш беа ставени во состојба на подготвеност, авионот слетал безбедно околу осум часот наутро без никакви интервенции.