Авион исчезна од радарите додека летал над планината Болд во близина на градот Бенингтон во американската сојузна држава Вермонт.

Како што јавија американските медиуми, веднаш по исчезнувањето на леталото започната е потрага по него во која се вклучени локалната полиција и противпожарната служба.

Полицијата засега официјално не ја потврди информацијата за потрагата.

Во медиумските извештаи не се посочува за каков авион станува збор, ниту пак колку лица се наоѓале во него.