Авганистанците кои се обидуваат со мали чамци нелегално да го преминат каналот Ла Манш за да влезат во Британија, нема да бидат третирани поинаку од другите мигранти, посочи британската министерка за внатрешни работи, Прити Пател во програмата „Тудеј“ на Би-би-си радио 4.

„ Ниту еден исклучок нема да биде направен за оние што користат нерегуларна рута додека бегаат од талибанската исламистичка група. Тие ќе бараат азил на истиот начин како и другите луѓе што бараат азил во нашиот систем во моментов “, рече Пател.

Таа ги предупреди Авганистанците да не се обидуваат да прибегнат кон нелегални средства.
„ Во нелегалните средства се патуваањата низ многу безбедни земји. Нерегуларната миграција не се манифестира само во Британија, луѓето патуваат низ европските земји и можат да побараат азил во тие земји “, рече Пател.

Британската влада вети дека ќе пресеме до 5.000 Авганистанци годинава првата година според новата шема претставена пред вонредната дебата за кризата во Авганистан во Долниот дом во средата, а планот за преселување подоцна ќе биде ревидиран за да се одобри преземање на вкупно 20.000 лица во следните пет години.

Пател појасни дека Авганистанците на кои ќе им биде дозволено да се преселат во Британија ќе мора да поминат преку една од двете шеми, а првата е гореспоменатата нова програма која ќе им овозможи на 20.000 авганистански бегалци да започнат нов живот во следните пет години.