Јапонскиот премиер Шинзо Абе во денешниот телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, договорил заедничка средба пред 12 јуни, пред самитот меѓу Вашингтон и Пјонгјанг.

– Се договоривме заеднички да дејствуваме, со цел подготвителната средба на високо ниво меѓу САД и Северна Кореја да биде исполнета со смисла – истакна Абе.

Тој додаде дека „по секоја цена“ треба да биде решено прашањето со киднапиранитре јапонски граѓани од страна на севернокорејските разузнавачи.

Претходно, јапонската новинска агенција Кјодо објави дека Абе ќе престојува во САД на 6 и 7 јуни, додека на 8 и 9 јуни тој ќе учествува на Самитот на Г-7 во Канада.