Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска изјави дека отворањето на Амбасада на САД во Ерусалим создаде нестабилност во регионот и Вашингтон ја отфрли можноста да биде посредник за мир на Блиски Исток.

– Со ово чекор (преместување на Амбасадата) американската администрација ја заврши својата улога во мировниот процес и го навреди светот, палестинскито народ, арапските и исламските нации и создаде настабилност, истакна Абас.

Американскиот претседател Доналд Трамп во снимената порака емитувана на церемонијата на отворањето на Амбасадата на САД во Ерусалим изјави дека и понатаму е посветен на мирот помеѓу Израел и Палестинците.

– Нашата најгголема надеж е мирот. САД остануваат целосно посветени на овозможување на траен мировен договор. САД секогаш ќе биде голем пријател на Израел и партнер во стремежот кон слободата и мирот, наведе Трамп.

Церемонијата се одржуваше додека Палестинците протестираа на границата меѓу Појасот Газа со Израел, при што загинаа најмалку 29 луѓе.