Претседателот на палестинската самоуправа Махмуд Абас ги повика САД да интервенираат и да ја запрат ескалацијата на конфликтот на Западниот брег и Појасот Газа, соопшти неговиот кабинет.

– Претседателот ја повикува американската администрација итно да интервенира за да се запре израелската агресија за работите да не излезат од контрола – се вели во соопштението на „Тајмс оф Израел“.

Израелските напади, во кои досега беа убиени повеќе од 100 Палестинци, Абас ги нарече „брутални и планирани убиства извршени од израелски окупаторски сили“.