Џонсон: Предлог-законот за брегзит ќе го испратам во парламентот идната недела

53

Британскиот премиер Борис Џонсон им порача на пратениците дека од Брисел нема да бара ново одлагање. Тој треба да побара одлагање на датумот за излез на Велика Британија од ЕУ, откако пратениците го одложија гласањето за брегзит.

Џонсон нагласи дека предлог-законот за договорот за излез на Британија од ЕУ ќе го испрати во парламентот следната недела, за да се избегне ново одлагање, тврдејќи дека законот на тоа не го обврзува.

Сепак, според таканаречениот Бенов закон, премиерот мора да побара продолжување откако пратениците денеска не го одобрија договорот.

Законот за спроведување на договорот технички би требало брзо да се сработи, овозможувајќи и на Велика Британија до договорениот рок – 31 октомври, да ја напушти ЕУ.