Џонсон: До октомври ќе бидеме подготвени за брегзит, со или без договор

29

Британскиот премиер, Борис Џонсон ги повика Германија и Франција на компромис за брегзит, наведувајќи дека неговата земја доколку биде потребно ќе биде подготвена од 31 октомври да ја напушти Европската Унија без договор.

-Ќе бидеме подготвени за излез од Унијата до 31 октомври – со или без договор. Се разбира, нашите пријатели и партнери од Унијата не покажуваат доволно волја за промена на својот став и тоа е во ред – порача Џонсон, пренесе „Ројтерс“.

По повод посетата во Берлин и Париз неделава, Џонсон изјави дека очекува доковор околу одредбите според кои нема да има тврда граница помеѓу Република Ирска и Северна Ирска.

Претходно, портпаролката на британскиот премиер објави дека Џонсон на состаноците неделава со францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка, Ангела Меркел, ќе ја пренесе својата порака за брегзит.